Дома Македонија Тричковски: Барам Рускоска да ми дозволи контакт со Катица – сакам филмска...

Тричковски: Барам Рускоска да ми дозволи контакт со Катица – сакам филмска сторија со неа да правам

Бранко Тричковски: Роман и филм за Јанева

Loading...

Поодвратна работа од таа за која е обвинета Катица Јанева е племенската стрв по нејзината мака. Не по правда за злоделото за кое се товари, туку по нејзиното страдање како замена за правдата што јавноста си ја проектира. Како сатисфакција.

Имам разбирање за разочараноста од бившата шефица на СЈО, но нека да престанеме да бараме статисфакција во лажната надеж дека на сите ќе ни биде подобро само ако нејзе и биде полошо. Истото важи и за Боки.

Ја користам оваа прилика да побарам од јавната обвинителка Вилма Русковска и од адвокатката Ирена Фрчковска и, јасно, од Катица Јанева дозвола да ја контактирам обвинетата и да ја имам на располагање за потребите на една романсирана, можеби и филмска сторија за нејзиниот подем и пад, се разбира во согласност со расположението, желбите и интересите на госпожата Јанева и во согласност со законските процедури во вакви случаи.

Мислам дека од целава сага може да испадне добар психолошки трилер. Главната интрига нема да биде “вутонот” со парите туку психолошките механизми кои ја паднале жената која ја имала целата мафија во двете раце, можела да жонглира со мафиотските глави и пари, располагала со огромна моќ, меѓу другото и со моќ да изврши голем спектакуларен финансиски криминал, покриен со милион свилени чаршави, во замката да ја заебаваат најситните скопски хохштаплери на најефтин начин. Рене Целвегер сум ја одбрал да ја игра.

Loading...