Дома Свет Сте приметиле ли дека во последно време кога гледате филм главниот актер...

Сте приметиле ли дека во последно време кога гледате филм главниот актер пали цигара

Ја добиvа ли тутунската индустрија битката со индустријата за производство на електронски цигари?

Речиси триесет години, па и повеќе се водеа кампањи за наводно прекинување со пушење. Тутунската индустрија доби забрана да се рекламира на спортски натпревари, па така, логото од брендовите на пример на автомобилите од Формула 1, беше без текст, но јасно се знаеше за кој бренд станува збор.

По сите тие кампањи, пред сè од светската здравствена организација, пушењето не само што не се намали, туку напротив, како да се зголеми бројот на пушачи во светот.

Кај нас на пример некои проценки кажуваат дека повеќе од половина од населението се пушачи.

На филмовите речиси и да немаше присуство на тутунската индустрија со години. Но, за тоа веројатно немало потреба!

Дали сте приметиле во последно време дека главните ликови во речиси секој Холивудски филм палат цигара? Тоа не е случајно. Тоа е дебело спонзорирано од тутунската индустрија. А зошто?

Затоа што тутунската индустрија го доби најголемиот удар од своето постоење, со појавата на електронските вејпери. Во Америка во моментов, кога човек пазари на бензиска станица, пред очи му се за три пати повеќе опции за купување електронски, од класични цигари, кои се сè пополурани, особено кај младите.

И сега веднаш почнаа да се развиваат тези дека електронските вејпери се штетни, можеби и поштетни од цигарите. Досега СЗО велеше дека кратко е времето за да се испитаат негативните последици од вејпањето. Но работите се менуваат, а вие погодете под чија директива.

Во Соединетите Американски држави, земја со 350 милиони народ, починале 50 лица за кои е оценето дека причината се електронски цигари. Внимавајте, ПЕДЕСЕТ од 350 милони! Како дојдоа до таков заклучок? Нели кус беше периодот за испитување?

И веднаш, од минатиот месец, беа исклучени од продажба течностите со овошни ароми, оние кои беа најпопуларни меѓу консументите. Од овој месец повлечени се и некои вкусови кои содржат ментол, а веројатно не е далеку денот кога и комплетно ќе ги забранат. Класичните цигари, кои дел од нив исто така содржат овошни и ментол вкусови, не ги забрануваат.

Погодете зошто. Само ќе ве потсетиме дека се работи за најбогатата индустрија на светот.

Петар П.

Loading...