Дома Македонија Кочо Анѓушев: Јас не се мешав во одлуката за прогресивниот данок

Кочо Анѓушев: Јас не се мешав во одлуката за прогресивниот данок

Немав никакво влијание во носењето на одлуката за замрзнување на прогресивниот данок, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој одговарајќи на новинарско прашање кажа дека оваа одлука потекнува од Министерството за финансии.

„Анализите ги видов на владина седница. Немав никакво влијание во носењето на оваа одлука“, рече Анѓушев, запрашан од новинарите дали тој го убедил Заев да го врати рамниот данок.

Претходно, министерката за финансии, Нина Ангеловска соопшти дека даночната реформа која ја воведе Владата на СДСМ се замрзнува за следните 36 месеци. Се одложува и даночењето на капиталните добивки и на каматите на штедните влогови.

Loading...