Дома Македонија Русковска: Пред да почна да мафта со документи, му се јавив на...

Русковска: Пред да почна да мафта со документи, му се јавив на Мицкоски

„Пред да мавта со тие работи, го побарав на телефон Мицкоски, затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во Основното јавно обвинителство, а тој знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека тој тоа не го кажал.

Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Бев презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан.“ – рече Русковска.

На прашањето како се проценило дека за другите не е побарана марката притвор, таа изјави дека притвор беше побаран само за една осомничена, но судот го одбил предлогот и одреди куќен притвор.

„За другата, која беше породена, ние како обвинителство предложивме одземање на патната исправа и за третиот само мерки за претпазливост. Сметавме дека не е во ред цели семејства да завршат во истражен затвор.

Loading...