Дома Македонија Димитров: Ајде да ја тргнеме последната пречка за недобивање датум

Димитров: Ајде да ја тргнеме последната пречка за недобивање датум

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека не треба да паднеме во замката на жртва и разочарување по недобивањето датум за пристапните преговори со ЕУ, туку да бидеме упорни и да се обидеме да го тргнеме и последното оправдување, а тоа е Законот за Јавно обвинителство, по денешната средба со специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

„Разговаравме за изгледното НАТО членство, разговаравме за колку е важно да се отвори и европското поглавје, се разбира за македонските интереси, меѓутоа и интересите на Вашингтон.

Еднаш паднавме во замката на жртва и разочарување во 2008 година и мислам дека тоа нема далеку да не одведе ако пак паднеме. Треба да бидеме упорни, треба да се обидеме и последното оправдување да го тргнеме, тоа е Законот за Јавно обвинителство и во следната прилика да излеземе уште поспремни и уште поупорни и да најдеме начин како сите земји членки на ЕУ и нивните грижи да се адресирани, но и нашиот интерес, бидејќи имаме заеднички интерес.

Тоа е пред нас, задачата да покажеме дека сме зрели и цврсто решени да успееме, да бидеме победници, а не жртви. Разговаравме за сите овие аспекти“, изјави Димитров.

Loading...