Дома Македонија Верушевски побара 71.000 евра – откри и зошто

Верушевски побара 71.000 евра – откри и зошто

За 344 дена поминати неосновано во притвор за случајот „Пуч“ со наводни странски служби и жолти комбиња, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски бара отштета од државата по судски пат, јавува СДК.мк.

За деновите поминати во затвор тој бара околу 71.000 евра.Случајот „Пуч“ минатата власт го отвори кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнуваше со обелоденувањето на „бомбите“.

Заев исто така беше обвинет со ексразузнавачот, како и сопругата на Верушевски и еден од најблиските соработници на премиерот, тогаш вработен во Општина Струмица.

Верушевски рече дека независно дали тогашните провладини новинари, како што рече, го промениле рувото, тие засекогаш ќе останат на столбот на срамот. Изрекувањето на пресудата е закажно на 4 ноември.

Верушевски од јануари 2015 до крајот на декември 2015 беше година беше во притвор. СЈО го повлече обвинението за случајот

Loading...