Дома Македонија Петров: Македонците се чисти Бугари, ни ја крадат историјата

Петров: Македонците се чисти Бугари, ни ја крадат историјата

Во текст објавен на веб-страницата на бугарскиот весник „24 Часа“, Росен Петров, пишуваше навреди за Македонците во својата колумна „Макрон и Македонците – бугарска работа“.

Во колумната насловена „Макрон и Македонците – бугарска работа“, пишувајќи во хумористичен тон на темата реакциите по одбивањето на Франција, односно нејзиниот претседател Емануел Макрон, да дозволи определување датум за старт на преговорите за влез на Македонија во ЕУ.

Петров шовинистички обвини дека „Македонците ја крадат бугарската историја“, како и дека македонските историчари (мисли на членовите на Заедничката бугарско- македонска комисија за историски прашања) и политичката елита покажуваат„невообичаено, дрско и примитивно однесување“.

– „Македонците се чисти Бугари, а ние сакаме со векови правиме лошо едни на други”, пишува тој.

Додава дека и македонската и Макронската работа се типично бугарска работа.

Инаку, Петров е поранешен пратеник, сценарист, а сегашен водител на емисија за историјата на бугарската онлајн-телевизија „Bulgaria On Air“.

Loading...