Дома Македонија Костадинов: Антидржавното ВМРО го покажа повикот на нивни член на ИК за...

Костадинов: Антидржавното ВМРО го покажа повикот на нивни член на ИК за припојување кон друга држава

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник:

-Почитувани новинари, почитувани граѓани. Во ВМРО-ДПМНЕ не знаат кај тераат, нивната понуда за обнова на режимот доведува до секојдневни скандалозни изјави од високи функционери на опозициската партија.

Еден од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порача да не се покачуваат платите, друг член пак повика на припојување со други држави.

Освен противење на покачувањето на минималната плата и платите во приватниот сектор, можевме да чуеме и антидржавни, антимакедонски ставови.

Христијан Мицкоски наместо да се оградува од политиките на Никола Груевски жестоко ги брани. Неодговорните изјави на високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат вистинско режимско лице на оваа партија на штета на државата.

Обнова на режимот, одбрана на криминалот и обнова на поделбите и изолацијата се единствената понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а со таква понуда можат да се надеваат само на пораз на предвремнените избори на 12 април.

Додека понудата на Мицкоски е поделби и квази сојузи со други држави, СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ.

Додека понудата на Мицкоски е да не расте минималната плата, СДСМ ја покачува на историски највисоки 14,500 денари и работи на ново зголемивање. Тоа граѓаните ќе го ценат на 12 април.

Loading...