Дома Останато Жена ми ослабе 13 кг и се разболе од нервози, а потоа...

Жена ми ослабе 13 кг и се разболе од нервози, а потоа јас го направив ова

Жена ми се разболе. Постојано беше нервозна поради некои проблеми на работа, беше незадоволна од животот, од приватниот живот и неуспехот да се справи со проблемите, се жалеше и од проблеми со децата и родителите…

Одеднаш ослабе 13 килограми и имаше само 40 кг во својата 35. година од животот, почна да наликува на страшило. Стана анорексична и постојано плачеше. Ми беше јасно, тоа е несреќна жена, постојано патеше од главоболки, имаше болки во грбот и на градите.

Почна да оди по доктори, мислеше дека е болна од некоја страшна болест, но сите анализи и беа добри. Не спиеше добро, а заспиваше дури пред изгревање. Стана многу уморна и едвај имаше волја за било што.

Нашата врска беше на ивица да пукне, постојано се каравме, само за тоа имаше сила. Престана да се грижи да себе, многу се запушти. Се помирив дека толку беше од нашиот брачен живот и дека наскоро ќе се разведеме. Секој ден очекував кога ќе ми соопшти дека нашла адвокат.

Ама одеднаш нешто како да ми се расветли и ми текна дека треба нешто да направам. Порано мојата жена беше најубавата жена на целата планета. Не е можно тоа преку ноќ да се сменило.

Почнав често да ја гушкам и да ја бакнувам, да и делам комплименти. Почнав да и носам цвеќе и да бидам љубезен со неа. Кога ќе започнеше некоја кавга, јас ја одбегнував или гледав само да се нашалам и да ја гушнам. Почнав повеќе да ја слушам и да не излегувам многу сам со пријателите.

Ја фалев пред заедничките пријатели. И угодував како вчера да сум ја запознал и како тинејџер и се додворував. Нема да ми верувате, ама овој мал “експеримент” ја врати во живот жена ми. Буквално за кратко време процвета.

Стана подобра, не беше нервозна, се здебели, ме сакаше повторно.. немав идеја дека толку многу може да сака една жена, ама сега мислам дека ме сака многу повеќе откога се зедовме. Само да знаете дека е точно она што го велат: Жената е одраз на својот маж. Навистина е така.

Loading...