Дома Балкан Смислува ли ЕУ нов начин како да не ги прими, а да...

Смислува ли ЕУ нов начин како да не ги прими, а да ги држи за узди Балканските земји

Во почетокот на 2020 година, Европската комисија и земјите-членки треба заеднички да изготват патокази со клучните барања во клучните сектори што Норвешка или Исланд ги исполнуваат денес.

Наместо „отворање поглавја“, на сите шест земји ќе им бидат понудени сеопфатни јавни патокази. Напредокот редовно ќе се оценува сериозно и објективно во сите земји, најдобро во заеднички тимови на експерти, предводени од Европската комисија, но вклучително и експерти за земјите членки.

Овие две институции треба да соработуваат за детално да го проценат напредокот, и да зборуваат со еден глас, се вели во предлогот за компромис. Целиот процес треба да се претстави во јавноста како трка:

Србија може да им докаже на сите дека навистина има најдобра администрација во регионот; Косово може да ја престигне Србија на едно поле; Македонија и Албанија би можеле да се натпреваруваат за исполнување на стандардите во животната средина.

Тоа ќе доведе до здрав и продуктивен напредок, вели предлогот за компромис кој официјално на масата се предвидува да го понудат двете претседателства на ЕИ за 2020, хрватското и германското. Решението би требало да го зголеми влијанието на ЕУ.

Со утврдување и имплементација на правилата на единствениот пазар, влијанието на надворешните актери, Кина или Русија, би подлежело на истите ограничувања во Западен Балкан како и во ЕУ. Целата формула треба да се комбинира со финансиски награди: „повеќе за повеќе“, грантови и инвестиции за земји кои добро напредуваат во административните и правните реформи во кој било сектор, објективно оценети. Билатералните донатори исто така би можеле да ги наградат перформансите на овој начин.

Целиот текст прочитајте го на НОВА

Loading...