Дома Останато Кога снимате со телефон внимавајте која музика оди во позадина – еве...

Кога снимате со телефон внимавајте која музика оди во позадина – еве какво предупредување добив

Утринава кога се разбудив од спиење, ме чекаше непријатно изненадување. Како и секое утро, прво што правам е да ги проверам нотификациите од телефонот. И оп, се појави ова!

На тој и тој датум пред две години, сте снимиле видео во траење од 31 секунда и сте го постирале на Инстаграм. Ова видео кое сте го снимале, во позадина содржи музика која е заштитена со авторки права од Сони Ентертејмент. Поради тоа видеото ќе ви биде избришано!

Во продолжение, ме известуваат во кои земји е конкретната мелодија заштитена, меѓу кои е и Македонија. (едиснтвено добро во лошово е што не викаат Македонија : ) ).

Ми текнува на настанот. Ова беше промоција на новиот iPhone, vo Скопје Сити Мол. Ми се бендиса музичката точка, пред сè играњето на момците и девојките и го снимив.

Е сега незнам, дали ќе ме гонат и на некаков друг начин, може пари ќе ми бараат за неовластено снимање и репродукција на музика??

Што да ви кажам, кога постирате во иднина видеа на социјалните мрежи, гасете тон, дури не им текнало нешто друго.

Името и презимето познати на редакцијата на Балкан.

Loading...