Дома Свет Ирачката телевизија објави снимки од акцијата поврзана со Ал Багдади (ВИДЕО)

Ирачката телевизија објави снимки од акцијата поврзана со Ал Багдади (ВИДЕО)

Ирачката државна телевизија ја објави снимката од американскиот напад во Сирија во кој е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, недалеку од турската граница во напад извршен од страна на американските специјални сили, што претставувало финале на неколкумесечна операција во која уште биле вклучени Ирак, Турција, Русија, сириските Курди…

„Пет месеци се спроведуваа теренски извидувањеа, темелно истражување и анализа на податоците, се до изведувањето на заедничката операција за ликвидација на терористот Абу Бакр ал-Багдади.

Им благодарам на сите, кои имаа придонес за оваа одлична работа“, напиша на Твитер командантот на апрапско-курдската коалиција во североисточна Сирија Мазлум Абди.

Претходно, високи ирачки разузнавачки извори за државната телевизија и за повеќе странски новински агенции изјавиле дека Ирак имал значајна улога во лоцирањето и ликвидацијата на водачот на Исламската држава.

Loading...