Дома Свет Возачот на камионот дошол од Ирска за да извози само 3 милји

Возачот на камионот дошол од Ирска за да извози само 3 милји

Морис Робинсон, 25-годишен возач беше уапсен веднаш по пронаоѓањето на телата во камионот во Велика Британија. Тој е обвинет и за организиран шверц на луѓе, организирање нелегална имиграција и перење пари.

Телата беа пронајдени во 01:40 часот по британско време во средата. По разните информации што се појавија, полицијата откри дека приколката пристигнала во Велика Британија одделно од предниот дел на камионот. Ладилникот пристигнал од Северна Ирска , а влегол во Велика Британија преку пристаништето Хилхед во неделата, изјави портпарол на полицијата во Есекс.

Приколката на камионот пристигнала од Белгија, а белгиското обвинителство објави дека поминала кратко време во таа земја, по трасата до пристаништето Зибриг. Јоаким Коунс, шеф на белгиското пристаниште, рече дека е малку веројатно луѓето да влегле таму во приколката. Тој рече дека приколката е запечатена во пристаништето и дека се проверувала.

Инспекторите потврдија дека приколката на камионот пристигнала во англиското пристаниште Пурфлет околу 00:30 часот. Камионот со приколката, управуван од Робертсон, го напуштила пристаништето околу 1:05 часот и се движел само пет минути до дестинацијата од три километри во индустриската област во Есекс.

Робинсон само пет минути управувал со камионот, а едно од прашањата што истражителите сигурно го барале во истрагата е зошто доаѓал од Северна Ирска за да ја транспортирал приколката само три милји . Единствено може да се претпостави дека истражителите откриле доволно сомневање дека Робинсон бил вмешан во трговија со луѓе.

Половина час подоцна, кога Робинсон го паркирал камионот во индустриско подрачје, телата биле откриени, а сè уште е нејасно каде оделе несреќните луѓе од приколката. Сè уште е неизвесно од која националност се жртвите, но се сомнева дека станува збор за виетнамски, а не кинески државјани , како што беше речено на почетокот на иострагата.

Не се знае што точно ја предизвикало нивната смрт и дали се замрзнале, задушиле или нешто друго. Да потсетиме дека еден пријател на возачот им кажал на британските медиуми дека Робинсон изјавил дека не знаел за луѓе во ладилникот и дека кога го отворил ,веднаш повикал полиција, но оваа верзија никогаш не била потврдена од официјални извори.

Денеска е уапсено и петто лице, поврзано со смртта на 39те жртви , додека досега се уапсени четворица.

Главниот инспектор Мартин Пасмор го остави отворено прашањето за националноста на жртвите, но се повеќе се сомнева дека станува збор за луѓе од Виетнам.

VietHome, организација која ја претставува виетнамската заедница во Велика Британија, соопшти дека примила фотографии од 20- тина лица чие исчезнување е пријавено. Свештеникот Ентони Данг Ху Нам од Виетнам изјави дека му било кажано дека повеќе од 100 луѓе ја напуштиле покраината Јен Тан во потрага по нов живот во Европа.

Главниот инспектор Пасмор, кој го води процесот на идентификација на жртвите во Есекс, рече дека телата биле извадени од фрижидерот и биле пренесени во болницата „Бормфилд“ во Челмсфорд.

Тој рече дека жртвите имаат многу малку документи со себе, така што истражителите мора да се потпираат на отпечатоци од прсти, тетоважи и лузни.

Loading...