Дома Свет Русинката која се омажи во САД ,,по задача”, беше фатена и обвинета...

Русинката која се омажи во САД ,,по задача”, беше фатена и обвинета – сега ја вратија дома

„Многу сум среќна што се вратив дома. Благодарен сум на сите кои ми дадоа поддршка, на руските граѓани кои ми помогнаа и ми пишуваа писма“, рече таа по пристигнувањето во Москва, каде беше пречекана од нејзиниот татко и руските новинари на аеродромот,а некои од нив и подарија цвеќиња.

„Благодарам на Министерството за надворешни работи и на дипломатите кои се бореа за мене секој ден“, додаде таа.

Бутина беше уапсена во јули 2018 година и беше прогласена за виновна минатиот декември под обвинение за заговор за „промовирање на руски интереси во САД“.

Во април, таа беше осудена на 18 месеци затвор, од кои половина отслужи, и вчера беше ослободена од затворот во Флорида.

Марија Бутина, единствената руска државјанка осудена во истрагата за влијанието на Москва врз домашната политика на САД, била поврзана со Националното здружение за оружје (НРА), кое и овозможило да се поврзе со Доналд Трамп пред неговиот избор за претседател во 2016 , како и со неговиот син.

Таа изјави тогаш дека сакала да обезбеди подобри врски со Соединетите држави и нејзината татковина. Се запишала на Универзитетот во Вашингтон и живеела во врска со републикански службеник.

Таа соработувала со судството во САД откако во декември 2018 година призна дека дејствувала како агент на странска земја.

Американското судство соопшти дека обвинението, иако нејзините врски со руското разузнавање не биле докажани, е дел од заговор на Кремљ за инфилтрирање и нарушување на американскиот политички систем, особено за време на изборите во 2016 година , кога победи Доналд Трамп.

Москва го обвини Вашингтон дека таа била приморана да признае смешни обвинувања.

Loading...