Дома Балкан Ина Василевска: Јас му се восхитувам на Вучиќ – опција за нас...

Ина Василевска: Јас му се восхитувам на Вучиќ – опција за нас е сојуз со Србија

Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за српскиот политичко-православен портал „Стање Ствари“ вели дека му се восхитува на Вучиќ за политиката на неутралност, дека наша стратешка грешка било признавањето на независноста на Косово и дека новиот претседател во договор со Албанците сака да направи попис заради создавање функционална федерализација.

-Ако бидеме принудени на федерализација на Македонија, вреди да се разгледа опцијата за некој вид сојуз со Србија, вели членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Иванка Василевска, во интервју за српскиот портал „Стање Ствари“.

„Во ситуација кога не можеме право-политички да егзистираме, кога ни се одзема правото на слободно изјаснување, кога не можеме да ја зачуваме националната држава, треба да бидеме отворени за сите опции. Една од опциите е активирање на вториот дел од референдумското прашање од 1991 г. („Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?)

Во овој момент никој не размислува во тој правец. Но, ако оваа идеја стане реална, други не би ни го дозволиле тоа без крвопролевање. Потребно е на глобално ниво да дојде до договор меѓу големите сили“, вели Василевска за stanjestvari.com.

Loading...