Дома Економија Во Србија влегле милијарда и четиристотини, а во Македонија само 40 милиони...

Во Србија влегле милијарда и четиристотини, а во Македонија само 40 милиони странски инвестиции

Дел од Прес конференцијата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, на која одговара на новинарски прашања:

Според извештајот на Дуинг бизнис кој што е дел од анализата која што ја прави оваа меѓународна организација, Светска Банка е практично навигација за идните потенцијални инвеститори, кои што би сакале да инвестираат во нашата држава.

Таму се анализирани 10 индикатори и ние во сите 10, т.е. да бидам попрецизен во 9 имаме драматичен пад, а во еден сме на истото место. И сега вие доколку сте странски кој што сака да инвестира во оваа земја прво нешто што ви паѓа на памет е да го земете тој документ и да прочитате за таа земја да видите како економски оваа земја се развива и кои можности ги нуди.

Кога ќе видите дека таа назадува по овие индикатори, тогаш можеби ќе си го поставите прашањето дали навистина треба таму да инвестирате или пак можеби во некоја друга земја од соседството или во некоја друга земја.

Резултатот на таа дилема која што претпоставувам ја имаат голем дел од странските инвеститори, во вториот дел од мојата прес конференција го кажав, а тоа директните странски инвестиции. Директните странски инвестиции во првите 6 месеци од 2019 се на ниво од 48 милиони евра во Македонија.

Во соседна Србија 1 милијарда и 400 милиони, во Унгарија за која што нели нашиот премиер велеше дека сме блескале, дека сме пример во делот на владеење на право и слично, има 1 милијарда и 100 милини евра, Црна Гора има 227 милиони евра, повеќе од 500 милиони евра има Словенија, соседна Бугарија исто така.

Тоа се параметри врз основа кои можеме да ги цениме успешните економски политики. Дека немаат план, дека немаат визија, дека немаат стратегија, дека не знаат да водат проектен менаџмент е практично реализацијата на буџетот. Ај што не знаат да привлечат директна странска инвестиција веќе трета година по ред, тоа го заклучуваме и од извештајот на Светска Банка, Дуинг бизнис, тоа го заклучуваме и од бројот, волуменот на пари кои што се влезен по основ на директни странски инвестиции во нашата држава.

Ајде да видиме сега со овие домашниве, парите ги прибираат од вас, од економијата од бизнисот, ги собираат тие пари и тие пари влегуваат во буџетот и сега нивото на реализација на капиталните инвестиции кои што тие на почетокот од годината си ги дефинирале и биле на ниво од 25 милијарди и 900 милиони денари, ги намалиле о ребалансот на 22 милијарди, односно за нешто околу 3,25 милијарди, нешто повеќе од 50 милиони евра.

Затоа што тие пари им требаат за да ги пренасочат во други политики во отсуство на визија да ја развивате сопствената држава, парите кои што ги собирате од граѓаните и од бизнисот наместо да ги инвестирате за развој на таа држава вие ги инвестирате за покривање на штетни политики и поткуп и мислите дека народот има кратко помнење, ќе гои заборави криминалот, корупцијата, арамилукот, понижувањата, е сега пред избори овие два месеца му мајката, што би рекол еден политичар, и готово ќе ја добиеме довербата.

Не туку оставате трајни последици за кои што ќе ни треба време да ги залечиме. Но свесни сме, овие показатели се јасна насока дека одиме во бездна одиме во едно грчко должничко сценарио , но подготвени сме, имаме стратегија, знаеме како да излеземе од ова, затоа што на оваа држава и е преку глава и на о овие граѓани од политички измамници. Доаѓа времето на чесни и честити политичари.

Loading...