Дома Македонија Вака – така Павле Богоевски излезе ,,најфраер” од сите

Вака – така Павле Богоевски излезе ,,најфраер” од сите

Loading...

Скоро триесет години плурализам, се изнагледавме политичари на ки најважно им е само и само нивното столче, фотелја, службен автомобил, привилегии, што и да е.

,,Лапаат” дневници, патни трошоци, службени станови, провизии од тендери, ручеци, шваљерки…

,,Узми све што ти живот пружа” е девизата на најголемиот дел од функционерите кои ги гледавме од почетокот на независноста на нашата држава Македонија, па сè до денес.

Еден од ретките примери за функционери, кои се откажаа од сите овие, или дел од привилегиите е поранешниот член на ,,Шарената револуција”, а потоа пратеник, Павле Богоевски. Веднаш по избивањето на аферата со него, кога се пушти разговор на социјалните мрежи, како тој нешто нарачува на телефон, Богоевски се повлече од пратеничката функција.

Настрана фактот што до денешен ден, не видовме некаков резултат од истрагата, тој својата морална обврска си ја исполни и тоа е за поздравување.

Деновиве Премиерот Заев ја прозва пратеничката Фросина Ременски да го стори истото, додека против неа трае процесот за случајот ,,Рекет”. Таа молчи и нема никаква реакција од нејзина страна.

Видовме сите колку пари потрошила пратеничката Мира од Делчево за гориво, која патем го заработи и прекарот ,,Дизел”. Мува не ја лази.

Ја видовме претставата во парламентот за (не)одземање на пратеничкиот имунитет на еден од вечните ВМРОвски функционери Трајко Велјановски. И уште многу други примери.

Од друга страна, сведоци сме дека Европски политичари за најмали ситници даваат оставка и се повлекуваат од своите функции. И после нè  не сакале во Европа. Епа нè не сакаат. Нема да не сакаат сè додека не си го промениме менталниот склоп.

Капа долу Павле, ти излезе најфраер од сите!

Петар П.

Loading...