Дома Балкан Србија ,,згази” јако – потпиша договор со Евроазиската унија и сега ќе...

Србија ,,згази” јако – потпиша договор со Евроазиската унија и сега ќе извезува без царини

Евроазиската економска унија, предводена од Русија и Република Србија, денес треба да потпишат договор за слободна трговија.

Министерството за трговија на Србија соопшти дека со договорот за слободна трговија ќе се овозможи околу 95,5 проценти од српските производи да се извезуваат во Евроазиската унија без царини.

Минатата година трговската размена меѓу Србија и државите од Евроазиската унија изнесувала 3,4 милијарди американски долари.

На денот кога српската премиерка Ана Брнабиќ во Москва го потпишува договорот за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската унија (ЕАЕУ), имаше реакција од ЕУ. Брисел и официјално посочува дека Србија може да биде дел од договорот со други земји и организации сè додека не стане земја членка на ЕУ.

На денот на пристапувањето во ЕУ, Србија ќе треба да се повлече од билатералните договори за слободна трговија – изјави денеска портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич.

Коцијанчич оваа недела изјави дека ЕУ „внимателно ја следи“ ситуацијата во врска со влегувањето на Србија во зоната на слободна трговија со Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, додадавајќи дека ЕУ е во постојан „политички и трговски дијалог“ со српските власти.

Loading...