Дома Македонија (ФОТО) Богојески: Градските власти големиот Тодор Александров го заменија со БЕоградска КОнфекција

(ФОТО) Богојески: Градските власти големиот Тодор Александров го заменија со БЕоградска КОнфекција

Loading...

Статус на Петар Богојески:,,Почитувани граѓани на македонската Република, за многу години Денот на македонската револуционерна борба, денот на ВМРО!

“Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај!” – Дамјан Груев, идеологот на Организацијата.

Во духот на дејците на Организацијата, би Ве запрашал, како можете да трпите толку многу неправди во денешна слободна Македонија, а глава да не кренете?!?

Како можете?!? Охрабрете се, одважете се, пробудете го духот на слободата во себе, духот на Организацијата! Нема ништо поважно на овој свет, од миг СЛОБОДА! Овој ден, голем ден, ден на слободата, можеме во иднина да го претвориме во ден на толеранцијата и помирувањето!

Не може иднината на оваа земја да им припаѓа на внуците на “партизаните” или на внуците на “комитите”!
Иднината ни припаѓа на сите нас, заедно!

Покажаната нетолеранција и обидот да се сквернави сеќавањето на народот на големиот Војвода Тодор Александров, човекот кој прв ќе извика “Независима Македонија”, од страна на градските власти, и негова замена со БЕоградска КОнфекција, е типичен пример за тоа како не треба во иднина!

Наша задача е да изградиме ФЕР општество, во кое ќе има место и за ТА и за БЕКО! Тоа поминува низ длабок процес на ДЕИДЕОЛОГИЗАЦИЈА на македонското општество, градење на толеранција и меѓусебна почит, помеѓу сите нас!

Тоа е дел од зацртаните цели, една од суштинските заложби на платформата Македонски Концепт!
Зашто Македонија е на сите нас!”

Loading...