Дома Магазин Познатата авторка Јелена со исповед: Бев неподвижна, ползев до тоалетот

Познатата авторка Јелена со исповед: Бев неподвижна, ползев до тоалетот

Никогаш не ја крие насмевката, по која е препознатлива. Па така и овој пат, за еден српски медиум низ насмевка зборуваше за тешките моменти во животот, кои ги преживеала изминатата година и кога останала сама.

Имено, авторката на едни од најтрогателните романи, Јелена Бачиќ – Алимпиќ проговори за здравствените промени за кои досега не зборувала, само за да не привлекува внимание. Вели дека луѓето имаат и поголеми проблеми од нејзините.

„Не зборував за ова бидејќи не сакам некој да мисли дека привлекувам внимание. Ништо не е толку драстично, освен што требаше да одам на операција. Тоа се случи во 2016, додека го истражував градот за својата книга, која излезе на 11 мај. Па затоа тоа лето бев во Сицилија“ – вака ја почна својата приказна.

А, потоа започна да раскажува како точно се случило.„Ми испадна дискот помеѓу двата пршлени во ‘рбетот. Останав неподвижна. Потполно сама во Сицилија, со денови под инјекции, без можност да се поместам…

Ползев до тоалетот. Тоа беа страшни денови. Кога се вратив од Италија, морав да одам на терапија за да ја избегнам операцијата.Тоа траеше половина година, но, верувајте ми бев одлучна да ја одбегнам операцијата. Не сакам од тоа да правам никаков спектакл.

Loading...