Дома Магазин Миа Костова за првпат откри зошто преку ноќ исчезна од „Бекстејџ“

Миа Костова за првпат откри зошто преку ноќ исчезна од „Бекстејџ“

Како што е познато до неодамна водителската двојка зад камерите на есстрадниот магазин „Бекстејџ“ беше Мирослав Миро Кацаров и Миа Костова… Однеодамна, Миро е соло! Миа едноставно преку ноќ како да исчезна од ТВ екранот?!

И тука тргнаа претпоставките, нагаѓањата, шпекулациите… Русокосата заради несериозниот однос кон работата добила шут-карта, не, туку е привремена пауза заради приватни обврски, има друга работа па не може се’ да постигне, се подготвува за нов проект на продукцијата…? Илјада дилеми, а само еден точен одговор, кој Миа самата неодамна го наговести во еден од македонските медиуми, а сега и го потврди.

Имено, како што одвреме-навреме тоа вообичаено го прави, таа одговараше на прашања на своите следбеници на Инстаграм, па едно од прашањата беше и тоа зошто повеќе „не работи“ во Бекстејџ и каде е сега, ако веќе не е ангажирана таму?

Миа го даде најконнкретниот и веројатно најточен одговор, демистифицирајќи ги сите претпоставки за тоа што се случува со неа на професионален план.

„Многу прашања имам на темава. Тоа што не сум на телевизија периодов, не значи дека не сум и дел од екипата. Што ќе се случува понатаму, ќе договориме со продукцијата. Секако, на бекстејџ – Македонија, како и секогаш, му треба освежување“ – напиша водителката во лаконскиот одговор кој можеби ја задоволи љубопитноста на нејзиниот обожавател/ка, но не комплетно и на јавноста.

Loading...