Дома Балкан Вучиќ ретерира од ставот за Косово: Не сакам да го лажам народот...

Вучиќ ретерира од ставот за Косово: Не сакам да го лажам народот и да кажувам дека е сè наше

Српскиот Претседател, Александар Вучиќ, порача дека за него Косово е дел од Србија, но не сака „да го лаже народот и да каже дека е се нивно“.

– Не сакам да го лажам народот и да кажам дека е се наше и дека ние ќе се правиме херои. Тоа не го поднесувам, бидејќи тие лесни решенија водат до амбис. Јас на народот му велам – не е се наше, но не е ниту се нивно – изјави Вучиќ за Пинк.

Тој рекол дека задача на Србија е да се најде компромис со Косово.

Вучиќ претходно преку социјалната мрежа објави фотографија од состаникот на британскиот амбасадор во Приштина, Николас Абот со победникот на косовските избори Албин Курти и неговото движење Самоопределување, пред националното знаме на Албанија.

„На чии избори победија Курти и неговата партија и на која држава е знамето пред коешто, Ваша екселенција, гордо се сликавте со Курти“, напиша Вучиќ.

Следеше одговор од дипломатската мисија на Велика Британија во Приштина дека работата на амбасадата е да соработууива со водечките политички актери на Косово.

Во твитот кој го објави британската амбасада се констатира дека „фотографијата од средбата на амбасадорото и еден од политичките лидери на Косово, привлека регионално внимание“, објави претходно Радио Слободна Европа.

Loading...