Дома Балкан Еди Рама песимист околу добивање датум – можно ли е Македонија и...

Еди Рама песимист околу добивање датум – можно ли е Македонија и Албанија да извисат

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија.

„Дали сум оптимист? Не“, одговорил Рама за ирскиот весник „Ајриш Тајмс“, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.

Рама вели дека не може да се биде оптимист кога се гледа она што се случува во Европа.

Оптимист сум за иднината на Албанија, додава Рама, но не и за она што ќе се случува идната недела.

„Ние сме колатерална штета. Кога некаде има бомби и се погодува една градина – ние сме градината“, изјавил Рама за весникот.

Loading...