Дома Македонија Нина ,,Групер” со еден потег може да стане најуспешен Министер за финансии...

Нина ,,Групер” со еден потег може да стане најуспешен Министер за финансии кој сме го имале

Светот се движи напред со забрзано темпо. За многу кратко време, пазарувањето нема да биде на начин на кој досега сме навикнале. Во развиените земји од западна Европа, Австралија и особено Америка, веќе денес процентот за шопингување преку интернет е можеби поголем од конвенционалниот.

Во Соединетите Американски Држави, објектите кои во минатото биле продавници на некој познат бренд, а кои од некои причини пропаднале, сега се магацински прстор на најголемата онлајн продавница – Амазон.

Во оваа насока, потегот на Премиерот Зоран Заев, за Министер за финансии да постави човек од IT секторот, конкретно онлајн тргувањето е можеби најбрилијатниот во неговото тригодишно владеење.

Нина Ангеловска веќе една деценија работи во овој сектор и тоа не било како. Таа е најуспешна во тоа што го работи, впрочем признанијата кои доаѓаат од надвор, тоа го докажуваат.

Што е поентата на овој текст. Не е да ја фалиме новата министерка за финансии, туку нешто друго. Тоа е надежта дека конечно во и од нашата држава ќе може да се тргува и притоа да се наплати од Paypal.

Единствен кој успеа да ги помрдне работите од мртва точка во оваа насока, беше поранешниот министер за информатичко општество, Иво Ивановски. Тој успеа да издејствува Пејпал да овозможи да се отвораат налози од нашата држава, но на тоа се застана.

Зошто е важен Пејпал

Овозможувањето на комплетни услуги од страна на Пејпал, во голема мерка може да го намали иселувањето на младите умови од нашата држава. Во тој случај, тие од Македонија, каде сите ресурси за работа им се пофтини, ќе можат да ги продаваат своите услуги и да си наплаќаат за работата.

Бидејќи, во мометов во светот, можеби половина од е-трговијата отпаѓа на овој платежен провајдер.

Ангеловска како човек кој доаѓа од овој сектор, несомнено се соочила со проблемот за наплата и поради тоа, речиси е сигурно дека таа ќе се заложи во оваа насока.

Доколку успее, ќе биде запишана во историјата како Министер за финансии кој нешто направил нешто корисно за граѓаните. Бидејќи, впечатокот за досегашните министри е дека сите тие, биле само најобична маша за спроведување на партиски, или желби на тогашниот Премиер на владата.

Петар П.