Дома Македонија Од догодина за да фрлите ѓубре во контејнер ќе треба да имате...

Од догодина за да фрлите ѓубре во контејнер ќе треба да имате картичка

Loading...

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, во гостувањето на „Топ тема“ најави дека до година жителите на Скопје кои живеат во згради, ќе фрлат ѓубре со картички.

Тој појасни дека контејнерот нема да се отвора доколку не се покаже картичката. Имено, за секоја зграда ќе има наменет контејнер, кој ќе работи со тие картички.

Тој појасни дека и новите контејнери кои ги купи градот и ги распредели во минативе денови по општините, имаат можност да бидат „паметни“, односно да јавуваат дека се полни, за да дојде камионот и да ги испразни

Шилегов вели дека сега ги имаат контејнерите, а се чека да се реализира тендерот за „Смарт сити“, па да се инсталира програмата за „паметни контејнери“. Неговата визија е секоја куќа во Скопје да има по неколку канти за селектирање отпад, но за тоа треба и да почне со работа „Дрисла“, односно да се воспостави систем на селекција и таму. Инаку, се би било залудно, вели Шилегов.

Loading...