Дома Балкан Падна Рамуш Харадинај – нов Косовски премиер ќе биде Албин Курти

Падна Рамуш Харадинај – нов Косовски премиер ќе биде Албин Курти

На четвртите парламентарни избори откако Косово прогласи независност во 2008 година, партиите предводени од поранешните припадници на ОВК претрпеа убедлив пораз. Досегашниот премиер Рамуш Харадинај, кој поднесе оставка на функцијата откако беше повикан на распит пред судот за воени злосторства во Хаг, освои 11,5 проценти од гласовите. На трето место е Демократската партија на Косово со освоени 21 отсто од гласовите.

Kosovo Parlamentswahl 2019 Albin Kurti (picture-alliance/dpa/V. Kryeziu)
Лидерот на Самоопределување Албин Курти ќе добие мандат за состав на новата влада на Косово

„Ќе сторам се за да имаме влада во најкус рок затоа што сме при крајот на годината и мораме да го изгласаме буџетот“, изјави лидерот на Самоопределување Албин Курти, кој ќе го добие мандатот за состав на новата влада.

„Вечерва нема да затропам на вратата на ЛДК, но ќе го сторам тоа веднаш наутро. Немаме време за губење“, изјави Курти.
Излезноста на изборите беше 44 проценти, но во резултатите не се вклучени гласачите од дијаспората кои традиционално гласаат за Самоопределување.

„Луѓето во најголем дел гласаат за него (Албин Курти, н.з.) затоа што сметаат дека тој е човекот кој ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе отвори работни места и ќе ја подобри економијата“, изјави главниот уредник на весникот Коха Диторе, Агрон Бајрами.

Изборите во Косово беа набљудувани од над 34 илјади независни монитори. Не беа забележани поголеми инциденти, но полицијата соопшти дека уапсила најмалку 20 луѓе поради тоа што ги фотографирале своите гласачки ливчиња.