Дома Останато Росоклија: Никој од нас не знае колку има пред себе – што...

Росоклија: Никој од нас не знае колку има пред себе – што би направил кога повторно би го живеел животот

Loading...

Сите ние, независно од возраста, умираме Сега. Никој од нас не знае колку има пред себе.

Мигови – (Хорхе Луис Борхес 1899-1986)

Ако би можел повторно да го живеам мојот живот, Во следниот – Ќе се обидам,

– да направам повеќе грешки,

Нема да се обидувам да бидам совршен,

Ќе бидам побезгрижен,

Ќе бидам поисполент – одошто сум сега,

Всушност, помалку нешта ќе земам сериозно,

Ќе бидам помалку педантен,

Ќе превземам повеќе ризици,

Ќе превземам повеќе патувања,

Ќе гледам повеќе зајдисонца,

Ќе искачам повеќе планини,

Ќе испливам повеќе реки,

Ќе одам на повеќе места – кајшто никогаш не сум бил,

Ќе јадам повеќе сладоледи а помалку зеленчук,

Ќе имам повеќе вистински проблеми – а помалку замислени,

Јас бев еден од оние луѓе кои живеат претпазлив и плоден живот – секоја минута од својот живот, Се разбира дека имав моменти на радост – но, кога би можел да се вратам назад ќе се обидам да имам само убави моменти,

Ако не знаете – тоа е она од што животот се состои, Не губете го Сега!

Јас бев еден од оние кој никогаш не оди никаде
без термометар, без шише топла вода, и без чадор и без падобран,

Ако би можел да живеам повторно – Јас би патувал растеретен,

Ако би можел да живеам повторно – Ќе се обидам да работам босоног од почетокот на пролетта сѐ до крајот на есента,

Ќе возам повеќе коли,

Ќе гледам повеќе изгреви и ќе играм со повеќе деца,

Ако имам живот за да живеам – но сега сум 85,

– И знам дека јас умирам …

Горазд Росоклија – превод

Loading...