Дома Македонија Најчевска: Ајде да видиме како вие си ја замислувате таа трета опција...

Најчевска: Ајде да видиме како вие си ја замислувате таа трета опција за која би гласале

Loading...

Професорката Мирјана Најчевска на својот профил на социјалните мрежи ги повика пријателите и следбениците да и одговорат што е тоа што би сакале како понуда од некоја трета политичка опција во државата:

,,Велите: сите се исти, и, нема да гласате на наредните избори затоа што сте се разочарале во политичарите, и, дека сте акале по улици нешто да се промени, ама се за џабе, и, …

Многу се согласувам, меѓутоа и да не гласаме, некој ќе биде изгласан и ќе управува со државата.

А партиите доаѓаат на власт затоа што на голем број луѓе им се допаѓа тоа што некоја партија го зборува и го прави. На голем број луѓе им одговараат баш вакви партии, а се бунат само тогаш кога таквите партии не го виткаат правото и не го извитоперуваат системот во нивна полза.

Ајде да видиме како си ја замислувате таа трета можна опција? За што тоа поинакво би гласале? Што треба да понуди третата опција?”

Loading...