Дома Балкан Хрватска политичарка остро ги навреди србите: На Риека не и требаат врби,...

Хрватска политичарка остро ги навреди србите: На Риека не и требаат врби, таму има малку срби

Ивона Милиновиќ, претседателка на Одборот за национални малцинства во Градското собрание на Риека од редовите на партијата ХДЗ во Хрватска, на крајот од септември учествуваше во интернет емисија на водителот Марко Јуриќ, наречена „Podcast Velebit“.

Поголем дел од емисијата таа со водителот го поминала зборувајќи за Србите. Јуриќ, според пишувањата на „Индекс.хр“, на пошироката јавност во Хрватска ѝ е познат откако поради говор на омраза Агенцијата за електронски медиуми ја затворила телевизијата на која тој имал емисија.

Според „Индекс“, двајцата поголемиот дел од емисијата разговарале за Србите, а во еден момент отвориле тема и за фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит и нивните навивачи наречени „Торцида“.

Водителот Јуриќ споменал една песна која навивачите на Хајдук често ја пеат, а таа ги додала деловите кои тој ги пропуштил.

Прочитајте и… Полицајци знаеле, но молчеле за вмешаните во „Монструм”? Никој не ги прашувал од каде им се податоците
Во песната во која навчите од Сплит ги навредуваат оние на Риека, има дел од песната кој вели „Шугава Риека полна си со Срби, не се грижи Риека, има уште врби“, ја цитирала Милиновиќ оваа навредлива песна.

Потоа, таа дала свое гледање за оваа песна. Првенствено рекла дека не ѝ пречи навивачкиот фолклор, а потоа додала дека на Риека не ѝ требаат врби затоа што нема многу Срби.

– Немам ништо против навивачкиот фолклор. Но имам против тоа што во моментов го прави „Торцида“, на Хрватска и прави штета. Навистина е непримерно да се пеат такви песни. Меѓутоа, ако сме безобразни, луѓето треба да знаат дека во Ријека има 6,5 отсто Срби, нам не ни требаат врби, можеби им требаат на луѓето во селата во Далмација каде има 30, 40 отсто – рекла членката на партијата ХДЗ.

Loading...