Дома Македонија Најчевска: Една изборна единица е неопходност во Северна Македонија

Најчевска: Една изборна единица е неопходност во Северна Македонија

Статус на Мирјана Најчевска:

,,Една изборна единица е неопходност во мала мултикултурна држава која е во процес на градење на граѓанскиот модел, како што е Северна Македонија.

При изборот на изборниот систем не сме врзани за ничии претходни искуства. Треба да најдеме таков систем кој ќе овозможи најдобар начин за изразување на вистинските потреби на граѓаните и најдобро претставување на различните групи граѓани во претставничкото тело.

Отворени или затворени листи е прашање за дискусија.
Јас лично преферирам затворени листи заради:

– можноста за избор на повеќе жени отколку во случај на отворени листи

– заради ниското ниво на политичко и изборно знаење на гласачите”

Loading...