Дома Свет Лавров: САД сакаат да го ревидираат договорот за Косово

Лавров: САД сакаат да го ревидираат договорот за Косово

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Соединетите Американски Држави се обидуваат да го ревидираат Бриселскиот договор, во делот кој се однесува на Заедницата на српските општини.

Како што наведе, на тој начин САД се обидуваат „да го вовлечат Косово во НАТО“ и таму да ја задржат својата воена база.

Во тој контекст Лавров потсети дека пред четири години беше потпишан договор за формирање на Заедница на српските општини на Косово, со кој се гарантираат јазичните, културните и верските права на Србите, пренесува ТАСС.

„Оваа заедница не е територијално компактна – постои северот, каде териториите се блиску една до друга и постојат енклави, кои се исто така дел од оваа заедница. Оваа заедница има свое знаме, химна и грб. Договорот остана на хартија четири години.

Сега се во тек обиди да се изврши негова ревизија со сите средства, со активно учество на САД со цел развој на ситуација во која Косово би можело да биде вовлечено во НАТО, заедно со најголемата американска база во Европа, Бондстил“, кажа Лавров.

Извор: мкд.мк

Loading...