Дома Балкан Колку далеку отиде Србија пред – отворија директна железничка линија со Кина

Колку далеку отиде Србија пред – отворија директна железничка линија со Кина

Србија и Кина ја воспоставија првата железничка линија меѓу двете земји, односно првиот товарен воз тргнал на пат од Кина кон Србија. Возот тргнал од кинескиот град Џинан во провинцијата Шангдонг.

„Во оваа композиција се наоѓа опрема која кинеските компании CRBC и CCCC ја користат за изргадба на брзи пруги од Белград од Будимпепта. Со ова Србија доби железничка карго линија со Кина“ изјавија од српската влада.

Џинан и Белград се оддалечени околу 10.500 километри и возот се очекува да пристигне за околу 25 дена. На својот пат возот ќе помине низ Кина, Казахстан, Русија, Украина, Словачка и Унгарија.

„Отворањето на оваа железничка линија меѓу Кина и Србија отвора можности за сите стопанственици од Србија, но и од регионот, да можат својата стока да ја извезуваат на кинескиот пазар, како и да увезуваат потребна стока од Кина затоа што железничкиот транспорт е многу поисплатлив од авионскиот и поморскиот“ додаваат од владата.

Железничкиот сообраќај е еден од централните видови сообраќај за кинеската глобална економска иницијатива „Појас и пат“, а брзата железничка пруга од Белград до Будимпешта е составен дел од овој проект.

Loading...