Дома Балкан Караманлис: Ја разгледуваме опцијата за ставање вето на соседите за ЕУ

Караманлис: Ја разгледуваме опцијата за ставање вето на соседите за ЕУ

Loading...

Ќе сториме сè што е потребно за да ги ублажиме последиците од Преспанскиот договор, изјави грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас А. Караманлис.

„Колку и СИРИЗА да се обидува да нè убеди во спротивно, нашата позиција е цврста. Никогаш не би го потпишале Договорот од Преспа. Веруваме дека тоа е штетно за земјата, катастрофа на некој начин и затоа направивме се што можеме за да го спречиме неговото усвојување“, вели Караманлис.

„Сега правиме се за да ублажиме одредени последици, особено во однос на заштитата на трговските марки на деловните субјекти од Македонија. Доколку е потребно, ќе играме и на картата вето во однос на интеграцијата во соседите во ЕУ.

Ова е најсилната алатка за притисок на располагање и уверен сум дека нема да ја оставиме неискористена “, вели министерот Караманлис во интервју за грчкиот весник „Параполитика“.

Loading...