Дома Македонија Десет дена преде Шутка била следена каде оди, кој и доаѓа на...

Десет дена преде Шутка била следена каде оди, кој и доаѓа на гости со кого разговара

Шефицата на организиран криминал Вилма Русковска побарала посебни истражни мерки за Јанева 10 дена пред да ја прати во „Шутка“. Одбраната на Јанева денеска ги гледаше доказите од Пи мерките спрема Јанева.

Покрај снимките од камерите, аудио снимките на кои се слуша нејзиниот глас, Јанева била и физички следена каде се движела, што правела, со кого разговарала, кого посетила, кој се и бил на гости последните десетина дена пред да биде уапсена.

Другите двајца осомничени во „Рекет “ Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец пак биле следени еден месец. Адвокатите ги видоа доказите против Јанева, но не коментираат дали Рускоска има доволно цврсти докази против неа.

– „Денеска завршивме со оние докази, кои што ги имаше обвинителството. Денеска ги видовме ПИ мерките спроведени према Јанева и исто така дел од разговорите денеска дослушавме. И По мерките исто така према Бојан Јовановски и Зоран Милески.

За Јанева ми се чини околу 10 дена е следена, а за Бојан Јовановски и Зоран Милески околу 1 месец. Само физичко следење нема ништо друго“- изјави Ирена Фрчкоска, адвокат на Катица Јанева.

Loading...