Дома Свет (ВИДЕО) Младата Грета Тунберг им згрме на светските лидери во ОН: Како...

(ВИДЕО) Младата Грета Тунберг им згрме на светските лидери во ОН: Како се осмелувате!

Грета Тунберг ги прекори светските лидери, при денешното обраќање на климатскиот самит на ОН, обвинувајќи ги дека ја изневериле нејзината генерација, бидејќи не успеале да се справат со емисиите на гасовите со ефект на стаклена градина и ги праша „Како се осмелувате?”

Шведската тинејџерка во својот говор кажа:

Сето ова е погрешно. Не треба да бидам овде. Треба да се вратам на училиште на другата страна од океанот“, рече 16-годишната девојка, која на една година ги прекина студиите. Доаѓате кај нас младите за надеж. Како се осмелувате?“ праша таа.

Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови, но сепак јас сум една од среќните. Луѓето страдаат, луѓето умираат, целиот екосистем се распаѓа“, заклучи младата Тунберг.

Ние сме на почеток на масовно истребување и сè за што зборувате се парите и бајките за вечен економски раст. Како се осмелувате!, ги прекори Грета.

Таа додаде дека во разговорите со лидерите, ѝ било кажано дека младите се слушнати и итноста е разбрана.

Но, без оглед колку сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа, затоа што ако навистина ја разбирате ситуацијата и продолжувате да не делувате, тогаш вие би биле злобни и одбивам во тоа да верувам“, истакна таа.

Шведската тинејџерка на самитот ги повика државите да ги прошират своите обврски велејќи:
Нема да има никакви решенија или планови презентирани во согласност со овие бројки денес, овде, затоа што овие бројки се премногу непријатни, а вие сè уште не сте доволно зрели да го кажете како што е“.

Нè изневерувате“, заклучи таа. „Но, младите почнуваат да го разбираат вашето предавство“.

„Очите на сите идни генерации се кон вас, и ако решите да не изневерите. Ви велам, никогаш нема да ви простиме!“, порача младото девојче.

Loading...