Дома Македонија Најчевска: Сите овие пресови и наводни препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се...

Најчевска: Сите овие пресови и наводни препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обична фарса

Loading...

Статус на Мирјана Најчевска:

,,Сите извештаи направени во изминатите 10 години зборуваат за: отсуство на владеењето на правото и недоверба на граѓаните во правосудниот систем. Тоа значи дека не ги бива јавните обвинители и не ги бива судиите.

И тоа значи дека ништо не може да се промени доколку не се променат јавните обвинители и судиите. Не може луѓето кои се суштински дел од проблемот да го решат проблемот.

Не може да нема одговорност за огромно мнозинство судии и јавни обвинители кои придонеле во државата да владее неправото.

И тоа значи дека сите овие пресови и наводни препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обична фарса, претстава која треба да го дефокусира вниманието на граѓаните од едноставниот факт дека истите судии и истите јавни обвинители за кои се направени бројните извештаи си седат на истите места и одново и одново создаваат неправо, го штитат неправото и го овозможуваат неправото.”

Loading...