Дома Македонија Штипјани за Пастрамалијадата ја скапнаа цената на пастрмалиите

Штипјани за Пастрамалијадата ја скапнаа цената на пастрмалиите

150 денари е новата цена за пастрмајлија на овогодинешнава пастрамајлијада. Вака одлучиа угостителите со содејство со општината. За разлика од минатата година цената на пастрамајлијата е повисока за 30 денари зошто:

„Ние со како организација о. Штип и со угостителите како партнери да го заштитиме брендот со нормирани продукти значи 250 гр. Тесто и 160 гр. Месо да содржи главната состојка на пастрмалијата и да се продава по унифицирана цена од 150 денари“

Со денешната монтажа на главната сцена се финализираат подоготовките за пастрамајлијадата. Во меѓувреме надлежните се координираат за повеќе прашања што се во врска со манифестацијата.Особено акцент се стави на регулирање на сообраќајниот.

„Пред се овде зборувам за режимот на сообраќај ,за безбедносниот режим, за се она што е во делот на здравството и токму затоа и со полицијата и со секторот за внатрешни работи Штип , здравствениот дом и итната медицинска помош , двете јавни претрпијатија , територијалната противпожарна единица и сообраќајните инспектори од градот , направивме состанок на кој што веќе ги привршуваме овие координации во делот на пастрмалијадата“

Целата сторија проследете ја на ТВ Стар.