Дома Македонија Потомци на Турци кои се иселиле од Делчево се вратија во градот...

Потомци на Турци кои се иселиле од Делчево се вратија во градот со убави намери

Повеќе од половина век откако голема група на Турци од Делчево се иселија во Измир, нивни потомци се врнаа во родното место на нивните родители. Овде тие дојдоа како бизнисмени, заинтересирани да инвестираат во економски развој на Делчево:

„Ние сакаме сите бизнисмени кои можат овде да отворат фабрики да се помогне на Македонија и да има повеќе вработување“изјава Акан Калфа, бизнисмен од Борнова, Турција

Поголемиот дел од овие луѓе се успешни бизнисмени и тие се зантересирани дел од својот бизнис да преселат овде, водени од економски, но и сентиментални причини:

„Јас имам свој бизнис во Измир и ќе гледам што можам овде да направам и сакаме овде нешто да инвестираме и да помогнеме“ изјава Енгин Џенгер, бизнисмен од Борнова, Турција

Масовното иселување кон крајот на ’50-тите години од минатиот век од овие краишта исели стотици турски семејства, но спомените на родниот крај никогаш не исчезнаа:

„Емотивно се врзани за нашиот крај а соработката датира од одамна кога еден наш сограѓанин роден во Габрово а беше градоначалник на Борнова голем кварт во Измир кој доаѓаше со делегации“изјава Васил Маневски.

Извор ТВ Стар.