Дома Македонија Османи – Не знам дали сум казнет, ама додека разговарав возилото беше...

Османи – Не знам дали сум казнет, ама додека разговарав возилото беше застанато

Османи не знае дали е казнет од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, но изрази задоволство од, како што кажа, брзата реакција и недискриминација по основ на позиција од страна на сообраќајната полиција.

– Тие се експертите, бидејќи е високо експониран овој случај можеме да го користиме како кампања за почитување на сообраќајните правила. Еве јас со задоволство ќе се вклучам и во оваа кампања. И се разбира би платил секаква казна што ја пишале институциите иако јасно се гледа во видеото дека возилото е застанато во целиот период додека трае разговорот, рече Османи.

Реакцијата на овој негов потег, според него, во еден момент била хистерична и разочарувачка во сегментот на меѓуетничките односи, бидејќи тие, како што тврди, кај нас се само заспани и укажува дека е потребен некаков тригер.

-Начинот на оваа реакција укажува дека ние уште треба да работиме на меѓуетничките односи во државата и јас се разбира ќе бидам дел од таа кампања за да ги смирам сите коишто сметаат дека албанскиот јазик е закана, рече Османи.