Дома Македонија Ќе му се извини ли опозицијата на Заев – продолжен притворот на...

Ќе му се извини ли опозицијата на Заев – продолжен притворот на Катица Јанева

На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор и истекува в петок Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот за уште 30 дена.

“Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП“, се навеедува во соопштението на Кривичниот суд.

Изминатите денови, по лидерската средба, Премиерот Заев беше нападнат од опозицијата за наводна изјава дека Јанева денес ќе биде пуштена во домашен притвор, а со изјавата тој докажал дека се меша во судството.

Денес се испостави дека тоа не е точно.