Статус на Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ:
,,Не може обвинители кои биле делегирани и блиску соработувале со корумпираната Јанева да продолжат да ги водат политички монтираните процеси. СЈО пропадна со Катица, погледајте ги сите интервјуа и изјави на сите инволвирани во времето кога се носеше законот за овој параинститут.
Тогаш, Никола Тодоров пред повеќе од триесетина присутни, тврдеше дека токму Рената Дескоска е креатор на овој закон и дека истиот е направен со цел да се пасивизираат духовите на шарената револуција. Повеќето верувавме дека конечно државата ќе се врати во нормала и дека политичката моќ ќе биде совладана од правото.
За жал, гледаме дека целокупниот судски систем е комплетно корумпиран, од судии, до порота се е под куфер систем и други услуги на послуга кај актуелнава власт. Затоа, немојте да помислите дека ќе видите ронка право и негово владеење дури имаме волку плитки и неетични протагонисти.
Ужасно е срамно тоа што ни ја навредувате интелигенцијата, бедно беше и пред четири години, исто е и денес…”