Дома Останато Ќе бидам искрен и ќе кажам – не е веќе како што...

Ќе бидам искрен и ќе кажам – не е веќе како што беше порано во Америка

Во Соединеттите Американски држави живеам веќе седумнаесет години. Ќе се обидам да ви објаснам попластично каков беше животот порано, а како е сега.

Кога јас дојдов тука, со сто долари, во некој од популарните супер маркети можев да ја наполнам цела количка. Тоа во превод би значело да јадеме дома цела недела. За разлика од тогаш, сега за да ја наполнам количката ми се потребни дупло повеќе, околу двесте долари.

Друго симптоматично е што последниве неколку години, а особено оваа, како да плаќаме повеќе за такси, а тие официјално не се покачени. Со кого и да направам муабет од нашите, ми вели, годинава платив повеќе за такси.

Јавниот превоз е исто така покачен за разлика од порано, а и посета на кино, театар и други културни настани. Спортските , како НБА или тенис се ,,оган”.

Е сега, горивото е многу ефтино. Му доаѓа како кај нас да возиш на плин, па и поефтино. Осигурувањето е многу скапо исто така. И се покачува уште повеќе ако добиеш казна за сообраќаен прекршок. Веднаш те сметаат за несигурен возач.

Голема предност овда за разлика од кај нас, па и од Европските држави мислам, е што многу лесно се наоѓа работа, па и добро платена работа.

Кога ќе се собере и одземе сè, тука добро се заработува, но и добро се троши. Така е се наштимано, да поголем дел од тоа што ќе го заработиш и да го потрошиш.

Името и презимето познати на редакцијата. Авторски текст, забрането е превземање и реемитување на други портали.