Дома Магазин Вака изгледаше Македонската Адел, Ленче Кукиќ пред дваесет години (ВИДЕО)

Вака изгледаше Македонската Адел, Ленче Кукиќ пред дваесет години (ВИДЕО)

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, победата ја однесоа двајца Македонци, односно Ленче Кукиќ победи по гласовите на „Фејсбук“ и гласовите на жирито, Бејхан Рамов победи од гласовите на публиката.

Ленче Куќиќ во текот на целото шоу добиваше само позитивни коментари од страна на жирито, а во една прилика Ацо Пејовиќ ја нарече и македонската Адел. Ленче беше доминатна на сцената на „Гранд“ и важеше за еден фавортите, а тоа го потврди и со нејзината победа.

Она што е познато, не само што Ленче победи во „Никогаш не е доцна“, туку и нејзиниот сопруг пред неколку години победи во истото музичко шоу.

Иако сите ја знаеме како изгледаше на гламурозната сцена во „Гранд“, Кукиќ деновиве сподели видео старо 23 години каде на фестивал ја пее песната „Барам место на естрадата“.

„Баш ме расположи песната која беше отпеана во далечната 1996 година на единствениот фестивал на Тумба фест. Секоја чест на организаторите и за творците на оваа музика“ напиша Кукиќ во описот на видеото.