Дома Останато Повторно повредени: Австралија не може да се справи со птиците кои напаѓаат...

Повторно повредени: Австралија не може да се справи со птиците кои напаѓаат во септември

Во септември и октомври Австралија се соочува со голем проблем. Тогаш страчките ги добиваат своите младенчиња, па затоа се агресивни и ја бранат својата територија. Австралиските страчки се посебен вид, но имаат големи сличности со своите европски „роднини“, посебно кога станува збор за нивната борбеност.

Во неделата, нападите на страчките го однесоа првиот човечки живот. 76-годишен маж возел велосипед во Николсон Парк јужно од Сиднеј, кога на него налетале неколку страчки. Според полицискиот извештај, тој ја сменил рутата за да ги избегне, но птиците сеедно го нападнале.

Поради зачестените напади, луѓето во „опасните“ подрачја веќе носат стапови и импровизирани „боцки“ на шлемовите, затоа што иако станува збор за птица од триесетина сантиметри, сепак страчките претставуваат опасност затоа што напаѓаат одненадеж, а нивние клунови се исклучително остри.

Минатата година во сличен напад, страчка за малку ќе ослепела бебе во Перт додека спиело во количка. Оваа година досега се забележани дури 1,570 напади ширум Австралија во кои имало 189 повреди. Бројката сигурно ќе расте овој и идниот месец, затоа што минатата година биле забележани над 3 илјади напади.