Дома Македонија Али Ахмети: Тоа што објавува Ел Чека се само мали меурчиња –...

Али Ахмети: Тоа што објавува Ел Чека се само мали меурчиња – не се занимавајте со него

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за таканаречените „Бомби“ кои во последно време ги објавува Шеќерим Ахмети, познат како „Ел Чека“. Тој ги нарече празни нешта и ги повика другите политички партии да ги измерат силите со партиските програми.

Ахмети ова го изјави на Изборното собрание  на ДУИ во Чаир, каде е избран Иџет Меџити за претседател на огранокот.

Од вкупно 63 делегати, присутни беа 61, кои едногласно гласаа за Меџити. Изборното собрание исто така избра 21 член на раководството на огранокот.

Извор: ТВ21

Loading...