Дома Магазин Знаев нешто што не требаше да знам – Аца Лукас проговори за...

Знаев нешто што не требаше да знам – Аца Лукас проговори за Карлеуша и Брена

Фолкерот се скара со двете пеачки и ги прозва на социјалните мрежи, а како што тој вели, за тоа има добра причина.
“Нема да се бранам, туку ќе напаѓам.

Не би сакал да ги именувам, туку ќе ги прозвам, во име на некакво пријателство. Не сакам тоа да биде главна тема, ова не е хаос. Ајде да видиме чиј збор ќе биде последен” . изјавил тој во емисијата “Ами Џи шоу” и додал:

“Видете вака, тоа што излезе во јавност беше случајно. Јас ЗНАМ нешто што не треба да го знам. Бидејќи иако ги одбегнувам, а сепак ми беше вршен притисок, одлучив тоа што го знам да го кажам на место од каде ќе биде пренесено.

Тоа е повеќе приватна работа. Се’ што кажав е вистина. Јас ги обожувам Виктор И Бобо, ама ете, тоа што го имав со жената, го имав.

Оваа другата госпоѓа постојано се чепка со мене, а ми глуми пријателка, па јас да излезам потрчко. Морав да и објаснам дека повеќе така не може.