Дома Свет Се хранат нездраво, пијат и пушат, а живеат и по 100 години...

Се хранат нездраво, пијат и пушат, а живеат и по 100 години – село кое го привлече вниманието

Loading...

Одалеченото село Ачероли во јужна Италија познато е по големиот број на стара популација, токму нивната долговечност ги збуни научниците – која е нивната тајна?

Поминале веќе 4000 години откако Гилгамеш , кралот Урук тргнал за потрага по тајната за бесмртноста. Уште од тогаш човечката фасцинанција за подолг живот или барем што е можно подолго не се намалила.

Науниците трошат големи пари анализирајќи фактори кои допринесуваат за долг живот, а токму тоа и ги привлече оваа мала италјанска заедница каде повеќето станари добро изгледаат и во својата 10 -та деценија од животот.

Ачероли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 километри јужно од Неапол.

– Бев на плажата во Ачероли и видов луѓе кои имаат 90 години, како уживаат и се сончаат на плажа и пушат цигари, додека нивните стомаци изгледаат како да се во деветтиот месец од бременоста, рекол еден американски кардиолог Алан Мајсел за Њујорк пост.

Ова е сосема спротивното во кое верувал, но и учел со години – за долг живот треба да се внимава на линија, да се избегнуваат пороци и сонце. Луѓето од Ачероли од друга страна, живеат во контраст со овие правила. Во селото живеат околу 2000 жители а меѓу нив има 300 лица кои живеат подолго од 100 години дури и 20 осто од нив прославиле и 110. роденден – па некој и повеќе.

Loading...