Дома Останато Додека бев мала моите родители имаа 2 кредита, тешко се боревме за...

Додека бев мала моите родители имаа 2 кредита, тешко се боревме за живот и сега сум во Германија

Тешко ми е да се присетувам на детството. Додека бев мала моите родители имаа земено два кредити и многу тешко ги отплаќаа. Тежок живот беше тоа, ама сите заедно се боревме. За ужина имав 10 денари, доволно за да си купам некоја кифла и никогаш не се пожалив дека ми е малку или дека немам.

Имав една вистинска пријателка со која се’ делев. Јас ќе и дадев половина од мојата кифла, а таа ќе ми дадеше половина од сокчето или чоколадото. И така секогаш правевме, се’ си делевме.

Напорно учев, завршив добро школо и сега сум во Германија. Прво што направив беше да соберам пари и да ги отплатам сите долгови на моите родители. Си ветив себеси дека ќе им помогнам на мајка ми и татко ми, но и на мојата другарка која исто беше во тешка криза.

После две години се вратив дома, а таа ме чекаше со солзи во очите…

Плачевме како мали деца, ја сакам најмногу и никогаш нема да заборавам дека таа беше единствена покрај мене кога другите не сакаа да се дружат со мене, а не сакаа ниту да ме погледнат!