Дома Македонија Готово е: Вечерва падна конечната одлука за Катица Јанева

Готово е: Вечерва падна конечната одлука за Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вонредната седница вечерва едногласно ја разреши од функцијата специјален јавен обвинител Катица Јанева за незаконско, нестручно и несовесно работење.

Loading...

Одлуката ќе биде објавена во Службен весник, но стапува на сила од денеска.

Во понеделник на продолжението на седницата, ќе се констатира и престанок на мандатот на другите обвинители во СЈО, бидејќи како што рече претседателот на Советот Ацо Колев на прес конференцијата вечерва, како што е предвидено во Законот на СЈО, нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавен обвинител.

Тој не сакаше да прејудицира што ќе се случи со обвинителите, но рече дека најверојатно ќе се вратат во матичните обвинителства.

На целиот процес му претходеше и собраниска седница на која со 102 гласови “ за” пратениците ја разрешија специјалната обвинителка Катица Јанева.

Loading...