Дома Балкан Познат македонски бизнисмен приведен во Белград при обид да замине за Русија

Познат македонски бизнисмен приведен во Белград при обид да замине за Русија

Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо вчера е приведен од полицијата во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва.

Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска и во моментов е во екстрадиционен притвор.

Според адвокатот на Палевски, Васко Стојков, во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка.

Стојков изјавил дека Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска и оти хрватските власти го бараат заради долг на негова фирма од 2,5 илјади евра.

-Уште почудно е што според информациите со кои располагам, потерницата датира од 2015 година. Палевски во изминатите години непречено патуваше во многу држави, вели Стојков.